Комплексот "Македонско село", којшто се гради над селото Нерези во Скопје првите посетители ќе ги прими во јануари 2014 година. Владата во соработка со коморите кон средината на ноември ќе го објави конкурсот за избор на најповолен концесионер кој ќе стопанисува со комплексот кој треба да стане туристичка атракција на главниот град. По тој повод вчера во зградата на Владата беше организирана јавна расправа чии заклучоци ќе бидат дел од конкурсот. Со изградбата на овој туристички производ и атракција во Скопје ќе се комплетира туристичката понуда, која ќе придонесе да се зголеми бројот на туристи, кој во последниот период бележи пораст.
Комплексот "Македонско село", којшто се гради над селото Нерези во Скопје првите посетители ќе ги прими во јануари 2014 година.
Владата во соработка со коморите кон средината на ноември ќе го објави конкурсот за избор на најповолен концесионер кој ќе стопанисува со комплексот кој треба да стане туристичка атракција на главниот град.
По тој повод вчера во зградата на Владата беше организирана јавна расправа чии заклучоци ќе бидат дел од конкурсот.
- Со изградбата на овој туристички производ и атракција во Скопје ќе се комплетира туристичката понуда, која ќе придонесе да се зголеми бројот на туристи, кој во последниот период бележи пораст.
За Лила Крстевска од Стопанката комора за туризам, овој проект е добар почеток за една туристичка тура на Скопје, како и за туристи кои не можат да ги посетат другите делови на Македонија. Според неа, сличен проект има во Стокхолм, и Шведска годишно од него заработува 26 милиони евра.
Ферхат Барбери, претседател на Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, смета дека ова е проект кој и недостига на Македонија, а во кој ќе се промовираат културно-историските вредности и туристичката понуда на земјата. Тој очекува дебатата да придонесе да се најде најквалитетниот концесионер кој ќе стопанисува со Македонско село.
Комплексот се простира на 12.000 квадратни метри, има 12 куќи што ја претставуваат автентичноста на секој од регионите во земјава: беровскиот, тетовскиот, струшкиот, гостиварскиот, прилепскиот, битолскиот и од други краишта на земјава. Вкупната инвестиција е 296 милиони денари, обезбедени од Владата и од нив 216 милиони се за градежни зафати, а 80 милиони за ентериерно уредување.